
Професионално управување со капитал, засновано на глобално искуство и локална експертиза.
дознај повеќеПрајм Капитал АД Скопје е друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови со фокус на технолошки компании и иновативни сектори.

Нудиме флексибилни решенија прилагодени на различни профили на инвеститори од редовни уплати, преку еднократни вложувања, до целосно персонализирани стратегии.
Месечно вложување
Редовно вложување со фиксен износ. Добро решение за постепено зголемување на средствата со тек на време.
Еднократна уплата
Вложување на една сума, без обврска за понатамошни уплати. Погодно ако веќе имате расположливи средства.
Индивидуално портфолио
Професионално изработена стратегија, усогласена со вашиот финансиски профил, цели и толеранција на ризик.
Фондовите на Прајм Капитал се дизајнирани со јасна стратегија и фокус, со цел да одговорат на различни инвестициски профили и нивоа на ризик.

Фонд со фокус на акции од висококвалитетни компании, наменет за инвеститори со долгорочен инвестициски хоризонт и повисока толеранција на ризик. Целта е остварување раст на капитал преку внимателно избрани позиции на глобалните пазари.

Фонд со избалансиран пристап помеѓу раст и стабилност, комбинирајќи акции и инструменти со фиксен приход. Наменет за инвеститори со долгорочен хоризонт и умерена толеранција на ризик, кои бараат стабилен и одржлив раст на капиталот.

Експертизата изградена на меѓународните пазари, со клиенти од целиот свет, денес ја применуваме на македонскиот пазар со јасен и дисциплиниран инвестициски пристап.
Иван Ивановски
Иван Ивановски е основач на Прајм Капитал и инвеститор со фокус на глобалните пазари. Со искуство во градење едукативни и инвестициски платформи, тој ја води стратегијата на компанијата со јасна насока, создавање долгорочна вредност и дисциплиниран пристап кон инвестирањето.
Поврзи се со Иван
Индивидуални инвеститори
Стратегии прилагодени за управување со личен капитал, со фокус на долгорочен раст, дисциплина и финансиска независност.

Семејства
Решенија насочени кон заштита и стабилен раст на семејниот капитал, со долгорочен пристап и внимателно управување со ризик.

Деловни субјекти
Инвестициски пристапи дизајнирани за ефикасно управување со корпоративни средства, со цел зачувување на вредноста и одржлив раст.