Општи Услови за Користење

Ве молиме внимателно разгледајте ги Општите Услови за користење на Веб страната (Општи Услови) пред да започнете со користење на нашите инвестициски услуги или да доставите податоци. Доколку не се согласувате со овие Општи Услови без ограничување или исклучоци, ве молиме веднаш да излезете од оваа веб страна.

I Воведни одредби

Следните Општи Услови се применуваат на сите инвестициски услуги понудени од страна на Друштвото за управување со отворени инвестициски фондови ПРАЈМ КАПИТАЛ АД Скопје, со седиште на ул. Васил Главинов бр. 14-1/8, 1000 Скопје, Република Македонија (во понатамошниот текст: „Друштво“ или „ние“, „нам“, „наш“) на сите лица кои ги користат услугите и пристапуваат на веб страната www.theprime.capital (во понатамошниот текст: „Веб страна“), (во понатамошниот текст: „Корисник“ или ,,вие", ,,вас").

Дефиниции

„Корисник" означува физичко лице, резидент на Република Македонија, кое пристапува и/или ги користи услугите и производите преку Веб страната согласно овие Општи Услови. „Друштво" означува ПРАЈМ КАПИТАЛ АД Скопје, лиценцирано друштво за управување со отворени инвестициски фондови. „Применлива регулатива" вклучува позитивните закони и прописи на Република Македонија кои се однесуваат на хартии од вредност, заштита на лични податоци, заштита на потрошувачи и други релевантни регулативи. „Информации" или „Содржина" се однесува на информациите поставени на Веб страната. „Виша сила" е настан или околност надвор од разумна контрола, што го оневозможува или одложува извршувањето на обврските.

Вистинитост на податоците

Корисникот гарантира дека сите информации што ги доставува преку Веб страната се точни, целосни и ажурни. Доставување на неточни информации претставува прекршување на овие Општи Услови.

Ограничување на одговорност

Друштвото не одговара за какви било директни или индиректни штети, вклучувајќи но не ограничувајќи се на загуба на добивка, податоци или репутација, кои би можеле да произлезат од користење на Веб страната, доцнење или прекин на пристап, технички грешки или дејствија на трети лица. Секој Корисник самостојно носи одлука за користење на информациите објавени на Веб страната и презема целосна одговорност за последиците од таквата одлука.

Обработка и пренос на податоци

Корисникот се согласува со обработка на неговите лични податоци согласно Политиката на приватност на Друштвото. Сите податоци ќе бидат обработувани со соодветни технички и организациски мерки за заштита, и само за цели утврдени со закон и оваа Политика.

II Користење на Веб страната

Корисникот се обврзува:

  • да не ја користи Веб страната за нелегални цели
  • да не се обидува да пристапи, измени или попречи техничкиот систем на Веб страната
  • да не објавува содржини што се навредливи, незаконски или штетни
  • да не се претставува лажно како друго лице
  • да не користи автоматизирани алатки за екстракција на податоци без дозвола

Корисникот потврдува дека ќе ги почитува сите ограничувања и безбедносни мерки воведени од Друштвото во однос на користењето на Веб страната.

III Политика на приватност и колачиња

Друштвото собира, чува и обработува лични податоци согласно македонскиот Закон за заштита на личните податоци и други релевантни прописи. Колачиња (cookies) се користат за подобрување на корисничкото искуство, анализа на сообраќај и функционалност. Корисникот има право да одбие или оневозможи колачиња, но тоа може да влијае на функционалноста на Веб страната.

IV Етички кодекс и деловно однесување

Друштвото се придржува кон највисоки етички стандарди во односите со клиентите, вработените и институциите. Не се толерира корупција, непотизам, судир на интереси или било каква форма на неправилно делување. Сите вработени се должни да пријават повреда на етичкиот кодекс и да постапуваат во согласност со применливите внатрешни процедури.

V Општи одредби

Сите спорови поврзани со овие Општи Услови се решаваат по мирен пат. Доколку тоа не е можно, за сите спорови е надлежен Основниот суд Скопје 2 Скопје. Применливо е правото на Република Македонија.

Со користење на Веб страната, се смета дека Корисникот е запознаен и ги прифаќа овие Општи Услови.

Контакт

За какви било прашања поврзани со овие Општи Услови, контактирајте не на: info@theprime.capital или ул. Васил Главинов бр. 14-1/8, 1000 Скопје, Република Македонија.